Најскапоцениот дијамант од 100 карати

115

100-c-diamond-header_980x457Светскиот производител на дијаманти De Beers презентираше беспрекорен дијамант од 100 карати во Дубаи.

Дијамантот е откриен уште пред десет години во рудник во Африка, сопственост на групацијата и е еден од петте дијаманти кои тежат повеќе од 100 карати.

Големиот дијамант е совршено избрусен во смарагдна форма и тежи 100,20 карати.

100-c-diamond---main1

Тој се разликува од сите други дијаманти кој биле давани на аукција во минатото. Може да се користи како привезок, манжетна на нараквица, прстен или едноставно како парче декор.

Британската аукциска куќа Sotheby’s планира да го изложи овој дијамант на продажба, кој се очекува да достигне цена од 25 милиони долари.