Најскапото суши во светот

25

20120401_karat_chef-aaФилипинскиот готвач Ангелито Аранета Џр. со својот специјалитет го држи рекордот за најскапо суши на светот.

Веќе шеста година по ред неговото суши што чини 1.978 долари е најскапото во светот, а високата цена се должи на тоа што петте парчиња суши се декорирани со 24-каратни златни ливчиња и африкански дијаманти од 0,20 карати.

Специјалитетот е направен од јапонски ориз, норвешки лосос, морски краставички, манго, паштета од гуска, италијанско сирење, мајонез и мусковадо шеќер. Аранета е познат по тоа што додава злато и во своите коктели, во говедските специјалитети и во колачите од ориз.

renowned-karat-chef-angelito-araneta-jr-places-african-diamonds-top-pearls-re-create-his