Најтешките прашања на интервју за работа во Британија

172

zirafi-pixabay

Фото: Pixabay

Порталот за кариера Glassdoor направи листа од најтешките прашања поставени на интервју за работа во Велика Британија. Листата е составена од илјадници прашања од интервјуа споделени од кандидатите за работа. Некои прашања се предизвикувачки, а за некои ќе помислите дека немаат смисол. Проценете сами:

1. Што те прави среќен кога работиш во петок навечер? (Tesco).

2. Ако твојот пријател е сериозно повреден и мораш да го одвезеш во болница, дали ќе поминеш на црвено светло? (Barlow Lyde & Gilbert).

3. Дали повеќе сакаш да се бориш со патка голема колку коњ или со сто коњи големи колку патки? (BHP Billiton).

4. Зошто 99% не е доволно добро? (Parcelforce Worldwide).

5. Во борба меѓу лав и тигар, кој ќе победи и зошто? (Capco).

6. На колку начини може да се извади игла од сноп сено? (Macquarie bank).

7. Како ќе и го објасниш Facebook на баба ти? (Huddle).

8. Ако добиеш еден милион фунти, што ќе направиш со парите? (PwC).

9. Која е најкорисната функција на Excel? (FirstGroup).

10. Како ќе ставиш жирафа во фрижидер? (USB).

11. Што најмалку ви се допаѓа кај оваа работа? (BP).

12. Да бевте на чело на Barclays Corporate, каква ќе беше вашата стратегија за европската криза? (Barclays).

13. Кажете ми некој ваш неуспех. (Lloyds banking Group).

14. Кажете ми три збора со кои бе ве опишале вашите родители. (YO! Sushi).

15. Што сте направиле во минатото за да се извлечете од незгодна ситуација? (Virgin Atlantic Airways).

16. Ако влезеш во соба полна со луѓе со различни интереси, што ќе направиш? (Ernst & Young).

17. Што подразбираш под лидерство? (Moody’s).

18. По кој критериум ги оценуваш сопствените способности? (Gatwick Airport).

19. Која е главната причина поради која стануваш од креветот секое утро? (Everything Everywhere).

20. Кој е твојот најголем херој? (De La Rue).