Највисока инфлација во Аргентина, најниска во Швајцарија

Според податоците на Euromonitor International Macro Model, највисока инфлација се очекува во Аргентина, 54 отсто, потоа Турција со 31,5 отсто, потоа Иран со 27 отсто, Нигерија со 25,2 и Египет со 17,1 отсто. Најниска инфлација се очекува во Швајцарија – само 0,8 отсто.

Аргентина минатата година беше рекордер по инфлација, која изнесуваше неверојатни 300 проценти годишно. Цените едноставно експлодираа.

Изгледите за декември и јануари покажуваат дека таа може да биде многу пониска оваа година. Една од главните цели на аргентинската влада е да ја намали инфлацијата што ја мачи оваа економија. Има одредени прогнози дека годинава таа би можела да биде и пониска од претходно споменатата бројка, со економски раст од четири отсто.