Највисоката градба во Лондон ќе го носи името 1 Undershaft

49

971Лондонската компанија Eric Parry Architects и студиото за дизајн од Сингапур Aroland Holdings, планираат да го изградат 1 Undershaft, облакодер што ќе се издигне во висина од 309,4 метри и ќе стане најголемата зграда во Лондон, пишува The Guardian.

Градбата, чиј главен дел ќе биде канцеларискиот простор, ќе биде сместена во центарот на финансиската област во градот, а истата ќе се состои од 873 ката, вклучувајќи и трговски центар каде ќе има и галерија.

Подрумскиот простор на облакодерот ќе зафаќа површина од 1.800 метри квадрати, а тука ќе се наоѓаат ресторани и бутици што ќе работат седум дена во неделата. Паркингот ќе има и 1.500 места за велосипеди, со надеж дека ќе се намали користењето на автомобилите.

Врвот на зградата ќе биде највпечатлив, со тоа што ќе наликува на виножито кое менува бои. Ефектот ќе се постигне со користење на специјална боја на горните слоеви.

Датумот на отворање на облакодерот сè уште не е официјално објавен.

25103000