Највозбудливите земји за патување во 2024 година – на прво место наш сосед

45

Водечкиот светски медиум за патувања, National Geographic,  објави листа на највозбудливите дестинации во светот кои треба да се посетат во 2024 година. Како што наведуваат на нивната веб-страница, со импресивни отварања на хотели, амбициозни проекти за реновирање и нови железнички линии што го олеснуваат патувањето од кога било, патувањето низ светот никогаш не било поатрактивно и навистина имате многу опции за избор – без разлика дали сакате да се поврзете со природа во Норвешка, искачете се на врвовите на Хималаите или уживајте во кулинарските привлечности на Лима, пишува Б92.

На листата доминираат европски дестинации, а од сите места на Балканот, препорачана е само Албанија, која го зазеде првото место.

На нивната „кул листа“, која содржи 30 дестинации од целиот свет, доминираат места во Европа, а меѓу нив е и Албанија, за која National Geographic вели дека е европската ѕвезда во подем.

„Овој дел од Балканот привлекува сè поголем број посетители благодарение на јадранското и јонското крајбрежје, интригантното отоманско и комунистичко минато и релативно новата туристичка сцена“, се наведува во написот.

Во Албанија препорачуваат посета на албанските Алпи, кои се сместени во внатрешноста на таа прекрасна земја.

Ова се ТОП 10 дестинации препорачани од познатиот магазин за патувања National Geographic:

Албански Алпи, Албанија

Белфаст, Северна Ирска

Емилија-Ромања, Италија

Галовеј, Шкотска

Нордланд, Норвешка

Северен Јоркшир, Англија

Помпеја, Италија

Саима, Финска

Тарту, Естонија