Највредните пет старт – ап бизниси во светот

49

start up1

Во светот постојат старт – ап компании коишто достигнуваат вредност од неколку милијарди долари и постигнуваат огромен успех.

Wall Street Journal и Dow Jones Venture Source прават листа во којашто се опфаќаат старт – ап компании од целиот свет и ја мерат нивната вредност.

Uber

File illustration picture showing the logo of car-sharing service app Uber on a smartphone next to the picture of an official German taxi signВо овој момент старт – ап со најголема вредност во светски рамки е Uber, којшто достигна 51 милијарди долари. Оваа такси апликација, што ги поврзува корисниците со такси превозниците, е лансирана во 2009 година.

Xiaomi

xiaomiXiaomi е еден од најголемите технолошки брендови што доаѓаат од Кина. Овој ИТ старт – ап се позиционираше на второ место достигнувајќи вредност од 46 милијарди долари. Еден од најпрепознатливите производи на Xiaomi се паметните телефони.

Airbnb

airbnb

Со вредност од 25,5 милијарди долари, на трето место на највредни стартапи во светот се најде Airbnb. Станува збор за компанија основана во 2008 година, којашто им овозможува на лицата кои патуваат во странство да резервираат приватно сместување. Airbnb е услуга достапна во 190 земји во светот.

Palantir

palantir

Palantir е софтверска компанија којашто е специјализирана за анализа на податоци. Нејзината вредност достигна 20 милијарди долари, меѓу другото благодарение на соработката со најголемите владини агенции на САД – ЦИА и ФБИ.

Snapchat

snapchat

Snapchat е апликација за трансфер на фотографии и видеа, коишто автоматски исчезнуваат по одреден временски период. Компанијата е основана во 2012 година, а нејзината вредност достигна 16 милијарди долари.