Најздрави продукти што се задолжителни во дневното мени

58

brokula

Фото: Pexels

Овие продукти без сомнение се препорачуваат во секојдневната исхрана бидејќи во себе содржат хранливи материи коишто му се потребни на организмот.

Лимон

Еден лимон во себе содржи повеќе од препорачаната дневна доза витамин Ц, којшто му помага на организмот во борбата против различни болести.

Брокула

Една мала порција од овој зеленчук го снабдува организмот со витаминот К, којшто е неопходен за здрави коски.

Чоколадо

Само неколку коцки темно чоколадно дневно можат да го стабилизираат високиот крвен притисок и го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

Ореви

Оревите содржат голема количина на Омега 3 масни киселини, коишто се одличен регулатор на холестеролот, ефикасно се борат против многу заболувања и го подобруваат расположението кај луѓето.

Спанаќ

Спанаќот е зеленчук богат со витамини и минерали. Тој е извор на фолна киселина, витамини: А, Б, Ц, Е, железо, манган и калиум.