Грижата за животната средина е едно од најважните прашања што ги засега сите на глобално ниво. Компаниите, кој повеќе кој помалку, работат на тоа да прикажат дека употребуваат одржливи извори на енергија, не користат пластика и слично.
Листата Global 100 Most Sustainable Corporations на канадската фирма Corporate Knights годинава по 15-ти пат ги рангираше “најзелените“ компании во светот.
Биле разгледувани вкупно 7.500 компании коишто генерираа приход од над една милијарда долари и по детални анализи на 3,7 милиони податоци избрани се топ 100.
Следниве 10 се предводници во грижата за животна средина.
Chr. Hansen Holding A/S – Данска
Храна и хемиски производи
Kering SA – Франција
Облека и додатоци
Neste Corp. – Финска
Нафта и нафтени производи
Ørsted – Данска
Трговија со енергија
GlaxoSmithKline plc – Велика Британија
Биолекови
Prologis Inc. – САД
Недвижнини
Umicore – Белгија
Метални суровини
Banco do Brasil S.A. – Бразил
Банка
Shinhan Financial Group Co. – Јужна Кореја
Банка
Taiwan Semiconductor – Тајван
Полуспроводници
Фото: Pixabay