
Во вториот квартал од 2026 година, бројот на регистрации на компании во Европската Унија се намалил за 0,5 проценти во споредба со првиот квартал, додека бројот на банкроти се зголемил за 5,7 проценти, според Европската канцеларија за статистика – Евростат.
Во истиот квартал, бројот на регистрирани компании се намалил во пет од осум сектори на деловната економија. Најголем пад е забележан во индустријата (-3,6 проценти), по што следуваат услугите за сместување и храна (-3,4) и образованието и социјалните услуги (-3,2 проценти).
Бројот на регистрации на компании нагло се зголеми во информатичкиот и комуникацискиот сектор (+8,8 проценти), а раст е забележан и во градежништвото (+1,0), додека секторот за финансиски услуги остана стабилен (+0,0).
Бројот на банкроти се зголеми во пет од осум сектори.
Највисок раст е забележан во секторите образование и социјални активности (+21,1 проценти), транспорт (+11,4 проценти) и финансиски услуги (+6,8 проценти). Намалување на бројот на банкроти е забележано во секторите сместување и угостителство (-2,6), градежништво (-1,7 проценти) и трговија (1,2 проценти).











