Намален бројот на работници во индустријата во јануари

22

Бројот на работници во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи опаѓање од 7,2%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,9%, Капитални производи за 1,4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%.

Фото: Pexels