Намален бројот на работници во индустријата во мај

46

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата, во мај оваа година во однос на истиот период лани, е намален за 2,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пад од 1%, во секторот Преработувачка индустрија пад од 2,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, е намален за 0,6%.