Намален е рејтингот на сите банки кои работат во Русија

71

Рејтинг агенцијата „Фич“ објави дека го намалила рејтингот на 31 руска банка.

Меѓу банките чии рејтинзи се намалени се Рајфајзенбанк Русија, Гаспромбанк, Алфа-банк, Сбербанк, Тинкоф банка и други.

„Го намаливме рејтингот за одржливост на сите руски банки на „cc-“ од „b“ и ги отстранивме од Rating Watch Negative (RWN), што одразува нагло влошување на деловното опкружување за банкарското работење“, се вели во соопштението на рејтинг агенцијата.