Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември

10

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2018 година е намален за 0,5 процентни поени во однос на ноември 2018 година и изнесува 20,4, а во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки, во декември 2018 во однос на ноември 2018 година, е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на ноември 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на декември 2017 година. Се очекува бројот на вработени да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2018 година изнесува 68,8% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28,8%, недоволната домашна побарувачка со 14,7%, недоволната странска побарувачка со 14,6% и неизвесното економско опкружување со 10,4%.