Намален откупот на земјоделски производи

37

Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во декември 2013 година изнесува 2.127.801.000 денари што претставува намалување за 31,1% во споредба со декември 2012 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 37,8%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена на 4,4%.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај житото, млекото, млечните производи индустриските растенија, овошјето, алкохолните пијалоци и добитокот.
Зголемување на вредноста е забележена кај зеленчукот, фуражните растенија, грозјето, живината, јајцата и рибата.