Прометот од продажба на услуги во првото тримесечје од 2021 година покажува намалување во однос на првото тримесечје од 2020 година за 5,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2021 година, во однос на истото тримесечје од 2020 година, намалување се јавува во поголем дел од секторите, а најголемо е во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 19,8% и во секторот Административни и помошни услужни дејности за 15%.
Зголемување се јавува во секторот Информации и комуникации за 2,1%.
Фото: Pexels











