Намалена глобална побарувачка за челик

Инфлацијата и зголемените каматни стапки ја забавија побарувачката за челик во индустријата, особено во Европската унија и во САД, објави Светската асоцијација за челик, прогнозирајќи слабо закрепнување во наредната година.
Светската побарувачка за челик ќе се зголеми за 1,8 отсто оваа година на 1,81 милијарди тони, по падот од 3,3 отсто минатата година, проценува Worldsteel. Во 2024 година би требало да расте со слична стапка и да достигне 1,84 милијарди тони, пресметале тие.

Побарувачката за челик го чувствува влијанието на високата инфлација и каматните стапки, нагласи во соопштението за печатот Максимо Ведоја, претседател на економскиот комитет на World Steel.

Активноста во повеќето сектори кои користат челик нагло ослабна поради намалените инвестиции и потрошувачка, објаснува Ведоја, додавајќи дека оваа година трендот е особено изразен во ЕУ и во САД.

Во 2024 година, закрепнувањето на побарувачката за челик во развиените земји ќе биде слабо поради задоцнетиот ефект од затегнувањето на монетарната политика, проценува World Steel.

Побарувачката во развиените економии годинава треба да се намали за 1,8 отсто, по падот од 6,4 отсто во 2022 година, пресметаа тие.

Во следната година очекуваат „техничко закрепнување“, што ќе овозможи побарувачката на челик да порасне за 2,8 отсто.