Намалена претплата за 40% и зголемени придобивки за бизнис корисниците на Македонски Телеком

23

Македонски Телеком со цел да обезбеди повеќе придобивки за бизнис корисниците, воведува атрактивни новини во портфолиото со кои ќе го подобри и олесни работењето на компаниите.

Почнувајќи со октомвриските сметки, стандардната месечна претплата за телефонски услуги за сите бизнис корисници се намалува за повеќе од 40%. Компаниите со октомвриските сметки ќе плаќаат 399 денари (без ДДВ) месечна претплата за телефонска линија со еден говорен канал и 694 денари (без ДДВ) месечна претплата за телефонска линија со 2 говорни канали.

Покрај намалувањето на претплатата за бизнис корисниците, Македонски Телеком воведе атрактивни новини во рамките на Office Complete и Office Complete Optic пакетите, со што компаниите добиваат зголемени поволности. Корисниците на новите пакети нема да плаќаат еднократен надоместок за повеќегодишен договор и добиваат намалена месечна претплата за склучување на договор на две години.

Дополнително, компаниите имаат можност за приклучување на повеќе дополнителни линии со посебни погодности, бесплатни разговори помеѓу линиите во пакетот и зголемен интернет сообраќај. Сите нови корисници на Office Complete и Office Complete Optic пакетите добиваат зголемен број на вклучени минути во мрежата на Македонски Телеком и на Т-Мобиле, вклучени минути разговор кон другите фиксни мрежи, потоа намалена цена за повици кон мрежата на сите мобилни оператори, како и намалени цени за меѓународни повици дури до 40%.

За корисниците на новите Office Complete и Office Complete Optic пакети, Македонски Телеком ја намали и цената на МаксТВ услугата. Најиновативната телевизија која овозможува врвно искуство, сега за бизнис корисниците е достапна по цена од 500 денари месечно.

“Докажаниот квалитет, флексибилните тарифни модели и понудите креирани според потребите се само дел од придобивките со коишто им овозможуваме компаниите да бидат попродуктивни, а нивното работно секојдневие да биде поефикасно и попријатно. Компаниите не се само наши корисници. Тие се сериозни партнери со кои заеднички ја градиме и зајакнуваме бизнис заедницата во Македонија. Од тие причини, Македонски Телеком постојано гледа напред и инвестира во развој на иновативни и напредни услуги и технолошки решенија кои ќе ја направат бизнис комуникацијата побрза и поедноставна”, вели главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-дин Даниел Сас.