Намалени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

59
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите
на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните
договори.
Во првото тримесечје од 2024 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8.5 %, трошоците за материјали за 7.8 %, а трошоците за вработените за 9.8 %.
Во првото тримесечје од 2024 година, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 5.2 %, трошоците за материјали за 11.6 %, а трошоците за вработените се повисоки за 12.0 %.