Намалување на цените на нафтените деривати

34

61176Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати во просек за 2,79%.

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди малопродажните цени на нафтените деривати. Така, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар.

Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 денари и ќе изнесува 58,00 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,278 денари и со тоа цената на М-1 НС ќе биде 40,943 денари за килограм.