Намалување на прометот во услугите, туризмот со најголем раст од 20,1%

Прометот од продажбата на услугите е намален за 4.8 % во првото тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Индексот на прометот од продажбата на услугите во првото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, е 95.2.

Во првото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 20.1 % има во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив.

Во првото  тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, најголем пораст од 11.4 % во прометот на услугите има во секторот Административни и помошни услужни дејности.

Фото:Pixabay