Намалување на шумските производи за 1,4 %

28

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2021 година, во однос на второто тримесечје од 2020 година, е намалено за 1,4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови. Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 129 832 метри кубни и бележи зголемување за 0,8 отсто.