Намерно се инфицираат со Ковид-19 за полесно да патуваат

48

Во Словенија се шири опасна појава на намерно инфицирање со коронавирусот со цел полесно да патуваат, имајќи предвид дека прележувањето на Ковид-19 засега има ист третман како и имунитет стекнат со вакцинирање.

“Забележуваме тренд на зголемен број на оние сакаат што поскоро да се заразат за да добијат потврда којашто ќе им овозможи полесно патување и преминување на границите, што е опасна пракса којашто не се препорачува“, вели Матеја Логар, епидемиолог од Словенија.

Таа вели дека властите во земјата размислуваат да ги променат правилата за патување. Меѓу останатото, се размислува и за тоа оние кои прележале Ковид-19 да се симнат од листата на исклучоци за тестирање при премин на граница, но дури во фаза кога е имунизиран поголем дел од населението.

“За оваа болест уште не се знаат многу работи. Таа е непредвидлива и може да остави трајни последици. Не знаеме точно какви долгорочни последици ќе има болеста особено кај младите пациентите, особено затоа што има такви што се прилично непријатни“, предупредува словенечкиот инфектолог, Томаж Зовко.

Фото: Pexels