Apple поднесе тужба против компанијата за рециклирање Geep Canada во којашто тврди дека компанијата препродала повеќе од 100.000 таблети, паметни телефони и часовници наместо да ги расклопува и рециклира.
Geep не одрекува дека тоа се случило, но наведе дека продажбата ја вршеле тројца вработени без знаење на компанијата и поднеле контра тужба против Apple.
Тужбата е поднесена уште во јануари годинава, контра тужбата во јули, но дури сега се открива во јавноста. Apple открил дека продажбата на овие уреди е започната кон крајот на 2017 година или почетокот на 2018 година. Во 2015 година, Аpple на оваа компанија ѝ испорачала скоро 600.000 уреди за рециклажа. Кога ги провериле сериските броеви на сите уреди пратени за рециклажа, утврдиле дека 18% сè уште активни.
Во тужбата Apple бара да се исплати целокупниот профит од препорадените уреди, но и дополнителен надомест од 22,7 милиони долари.
Фото: Pixabay