Наместо во ѓубре, донирана храната од забавата по Оскарите

23

pinto-instagram1

Фото: Instagram

Актерката Фрида Пинто, во соработка со американската компанија Copia, не дозволија голема количина на храна што остана од забавата по Оскарите да заврши во канти за отпадоци, пишува Mashable.

“Нашата цел е да бидеме сигурни дека никој нема да остане гладен во нашиот филмски и телевизиски град, собирајќи остатоци од храна од големите настани и забави“, изјави Пинто.

Претставник од американската компанија Copia, којашто користи технологија за намалување на отпадоци од храна, вели дека имаат соработка со Пинто и на други настани и забави.

Пинто на Instagram постави фотографија од наградите Sprit Awards и објасни дека над 800 луѓе досега добиле храна како резултат на соработката со Copia.

pinto-foto-instagram

Фото: Instagram