Намирници кои би можеле драстично да поскапат оваа година

67

Во годината што претстои се очекуваат бројни поскапувања пишува Волстрит журнал. Многу производители на храна велат дека ќе ги зголемат цените во 2022 година, што значи дека луѓето во продавниците ќе плаќаат повеќе за намирници. „Нема ништо имуно на растот на цените“, рече Тони Сарсам од SpartanNash Co. која се занимава со продажба и дистрибуција на прехранбени производи. Тој додаде дека млечните производи, лебот и соковите се меѓу намирниците кои ќе поскапат.

Се проценува дека цените на храната ќе се зголемат за пет отсто во првата половина на 2022 година.

Познатата компанија Mondelez International соопшти дека ќе ги зголеми цените на бисквитите, слатките и другите производи за меѓу шест и седум отсто.

Од Хајнц, пак, велат дека цената на дел од нивните производи ќе порасне и до 20 отсто.

Волстрит журнал пишува и дека растот на цените во 2022 година ќе варира од два до 20 отсто. Ќе поскапат и зеленчукот како компирот и целерот, како и храната како виното, пивото и друг алкохол, особено ако се увезуваат.