Намирници коишто нутриционистите никогаш не би ги јаделе

53

Многу прехранбени производи се преполни со вештачки засладувачи, засилувачи на вкусови и состојки кои помагаат да се зачува долготрајноста на производот.

Нутриционистите издвоија неколку вакви намирници кои никогаш не би ги јаделе, без разлика колкаво уживање им претставуваат на многумина.

Еве кои се тие:

jogurt

Фото: Pixabay

Овошен јогурт со ознака “Light”

Многу производи од оваа категорија содржат голема количина вештачки засладувачи. Содржат и разни ароми и најчесто имаат две третини помалку белковини од обичните јогурти. Нутриционистите велат дека тие неколку калории на кои “ќе ги заштедите” воопшто не вредат во нутриционистичка смисла.

Кашкавал за сендвич тенок како лист

Во процесот на преработката на овој вид кашкавал се користат многу адитиви, а нивниот вкус потсетува на гума. Полномасните кашкавали и сирења се многу подобра опција затоа што се помалку преработувани, содржат помалку додатоци, а и вкусот е далеку подобар.

Млечни додатоци за кафе

Во овие производи има нездрави материи и транс-масти. Најдобро би било воопшто да не ги користите. Доколку не можете кафето да го пиете без млечен додаток, најдобро додајте малку обезмастено млеко.