Nano Cure Tent – шатор сам се составува ако се скине

22

Фото: Kickstarter

Nano Cure Tent е шатор, направен со нано-технологија којшто доколку се скине може самиот да се состави. Доволно е само еден допир со прст.

Шаторот е дизајниран за четворица, се склопува за 3 минути и е водоотпорен.

Исто така има “прозорци“ што се отвораат за лесна вентилација во летните месеци, а моментално е достапен во 4 бои и тоа: светло сина, портокалова, маслинеста и сива.

Nano Cure Tent е лесен за носење и тежи само 3,5 килограми. Го собира во ранец за уште полесен транспорт.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Такома, Вашингтон и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 10.980 долари, од потребните 100.000 долари, а кампањата трае уште 31 ден.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во декември годинава.