NaNose преку здивот дијагностицира рак на белите дробови

30

nanose-sniffphone-breath-cancer

Револуционерното решение за едноставно откривање на рак на белите дробови – NaNose наскоро ќе може да се инсталира на мобилен телефон – SniffPhone, пишува Times of Israel.

Во овој уред се вградени нано сензори кои заедно со специјално дизајнираниот софтвер на лесен начин, само со еден здив, ќе може да детектираат дали лицето има рак на белите дробови.

“Со идентификување на специјалниот ’мирис’ ослободен од клетките зафатени со ракот, NaNose системот може да го открие присуството на тумори, без оглед на тоа дали се малигни или бенигни, и тоа многу поефикасно и поевтино од претходно“, вели професорот Хосам Хаик, кој е лидер на тимот од научници и иноватори кои работат на овој проект.

Според резултатите од досегашните анализи, точноста на резултатите е со стапка од 90%.

NaNose може да се користи било каде и било кога, па според Хаик, уредот може да послужи најмногу во руралните области во земјите во развој, каде што софистицираната опрема за дијагностика сè уште е недостапна.