Наноси од отпад пречат на работата на ХЦ Ѓердап

43

otpad

Хидроцентралите Ѓердап 1 и Ѓердап 2 во Србија се соочуваат со проблеми што им ги предизвикаа наноси од отпадни дрва, пластика и друг материјал кој стига по реката Дунав. Отпадот кој од неодамнешните поплави и свлечишта заврши во реката и се запре на браните на хидроцентралите, веќе десетина дена прави сериозни проблеми во работата на ХЦ, поради што е намалено производството на струја, пишува Танјуг.

Освен што трпи штета поради намаленото производство, ХЦ Ѓердап за ангажирање на механизација и луѓе што ќе ги чистат решетките на браната, само за овој месец ќе плати преку 126.000 евра. Сепак, работата на централата не е загрозена, а првата процена на вкупната штета ќе биде можна дури откако ќе се стабилизира ситуацијата.