Американскиот доктор Рави Шамаигар смисли практично решение за сите ситуации кога сакаме да “затвориме очи“ на кратко и да се одмориме од напорниот ден.
Станува збор за иновативното перниче NapAnywhere, што е изработено од материјал доволно флексибилен за да се прилагодува на вратот и рамениците на корисникот, а доволно е цврст да ја пружа потребната поддршка. Перничето е во облик на диск, а може многу лесно и едноставно да се превитка за да може да го собере дури и во мала женска чанта.
Докторот Шамаигар дојде до оваа идеја откако доживеал спортска повреда и му било многу тешко да спие додека патува во автомобил или авион, а вообичаените перничиња не ја даваат потребната потпора.
NapAnywhere може да се набави по цена од 59 долари.