Направија картели – добија “шут-карта“ од Брисел

Европската унија исклучи 10 големи банки од продажба на нови обврзници на ЕУ, кои го финансираат фондот за обновување на ЕУ од 800 милијарди евра. Причината за исклучување се претходни случаи на манипулација на пазарот, односно кршење на прописите за заштита на пазарната конкуренција.

Меѓу исклучените се големи имиња во глобалната финансиска индустрија како што се JPMorgan, Citigroup, Bank of America, Barclays, Natixis, Nomura, NatWest, Deutsche Bank, Credit Agricole и UniCredit.

Последните пет набројани банки не смеат да имаат никаква врска со новите обврзници на ЕУ поради пресудата што падна минатиот месец, според која тие формираа картел за време на должничката криза во еврозоната пред повеќе од десет години. Citigroup, JPMorgan и Barclays беа исклучени заедно со NatWest затоа што пред две години беше откриено дека тие манипулирале со девизните пазари помеѓу 2007 и 2013 година и други финансиски скандали. Deutsche Bank и Credit Agricoleне смеат да учествуваат во емисијата на нови обврзници на ЕУ затоа што во март беше донесено одлука дека тие формираат картел за трговија со обврзници, пренесува Јутарњи лист.

Портпарол на Европската комисија рече дека банките што ги прекршиле правилата на ЕУ за заштита на пазарната конкуренција “нема да бидат поканети на тендери за индивидуални синдицирани трансакции“ затоа што сакаат да обезбедат дека оние што работат со ЕУ се целосно чисти партнери.

Фото: Freepik