Нарачки преку социјални мрежи кај 13,4 проценти од фирмите со е-продажба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, 99.1 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.
Од деловните субјекти кои користат компјутер, пристап до интернет имале 95.1 %, а пристап преку фиксна конекција 89.0 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Во однос на е-трговијата, 13.4 % од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку социјални мрежи, а 12.3 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.