Наредена масовна вакцинација во Русија

45

Рускиот претседател, Владимир Путин, наредил масовно вакцинирање против коронавирусот, јавува Russia Today.

Вакцинирањето, како што се наведува, ќе започне до крајот на следната недела.

Здравствените работници и наставниците први ќе ја добијат вакцината против коронавирусот, а ќе ја добијат домашната Sputnik V.

Руската фармацевтска индустрија е подготвена за масовно вакцинирање бидејќи се произведуваат околу две милиони дози.

Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, објавил дека веќе се вакцинирани повеќе од 100.000 лица.

Фото: Facebook