Народна банка: Бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра

61

На крајот на март од 2022 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра, или 74,9% од проектираниот БДП, соопшти Народната банка.

Бруто надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2022 година, изнесуваат 5.917 милиони евраили 44,4% од проектираниот БДП.

Нето надворешниот долг изнесува 4.060 милиони евра, односно 30,5% од проектираниот БДП). Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58%.

Во текот на првиот квартал од 2022 година негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 481 милион евра и изнесува 7.789 милиони евра, што претставува 58,5% од проектираниот БДП за 2022 година, се наведува во соопштението на НБ.