Народна банка прави “чистка“

51

Народна банка објави јавен повик за избор на собирачи на отпад. Предмет на јавниот повик е преземање на  отпадот којшто Народната банка го создала при извршување на своите работните процеси без надомест.

Електронски отпад (печатари, скенери, климатизери, уреди за напојување со електрична енергија, мобилни телефони, фотокопири, антена сателитска, бојлери, електричен циркулатор, камери и монитори од систем за видеонадзор, машини за броење пари) – 478 парчиња; Кабаст отпад (канцелариски мебел, бироа, маси, столици) – 114 парчиња; Кабаст отпад (дрвени сандаци /80х40х50см/) – 250 парчиња; Кабаст отпад (EU палети стандардни) – 90 парчиња; Железо (метален алат) – 60 сета и парчиња; Автогуми (автомобилски) – 58 парчиња и Тонери 81 парче.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани правни лица кои имаат дозвола за вршење на дејност за собирање и/или транспортирање на отпад добиено согласно Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20). Заинтересираните правни лица можат да извршат увид на отпадот во седиштето на Народната банка во периодот од 21 до 23 јуни 2021 година од 10 до 14 часот. Детална спецификација на отпадот е прилог кон овој Повик. Заинтересираните правни лица треба да поднесат Пријава за собирање и транспорт на отпадот без надомест, во Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. Кузман Јосифовски – Питу бр.1.

Кон пријавата за учество на јавниот повик, заинтересираното правно лице треба да ги достави следниве документи:

Важечка дозвола за собирање и транспортирање на отпад, со која се докажува способноста за вршење дејност;

Изјава за поседување соодветни транспортни средства и доволен број на лица за извршување на услугата, со која се докажува техничката и професионална способност; и

Сертификат за управување со човекова средина доколку се работи за опасен отпад.

3. Краен рок за доставување на пријавата е 10 (десет) работни дена од денот на завршување на увидот односно почнувајќи од 24 јуни 2021 година.

4. Услов за преземање на електронски отпад (ставка 1) од прегледот од точка 1 на овој повик е преземање и на отпадот од точка 2, 3 и 4 од прегледот.

Изборот на собирач на отпад од страна на Народната банка ќе биде направен врз основа на критериумот – најкус понуден рок за преземање на отпадот, без надомест.

Во случај да се јават повеќе понудувачи на јавниот повик со иста понуда, се избира тој што прв се пријавил на јавниот повик.

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

5. Врз основа на доставените пријави, се носи одлука за избор. Со избраниот собирач на отпад се склучува договор за собирање и транспортирање на отпадот. Собирачот на отпад го презема отпадот од просториите на Народната банка и доставува приемница за извршениот прием на отпадот.

Рокот за преземање на отпадот внесен во пријавата е составен елемент на договорот и почнува да тече од денот на потпишување на договорот.

Прилог. Детална спецификација на отпад

Телефони за контакт: 02/3108-416 и 02/3108-106

Лица за контакт: Ангел Змејков и Никола Талески

Фото: Pixabay