Народната банка на Србија ја зголеми референтната каматна стапка на 4,5 отсто

7

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, на ниво од 4,5 отсто. Во иста мера е зголемена и стапката на депозитните средства – на 3,5 отсто, како и стапката на кредитните капацитети – на 5,5 отсто.

„Континуираните трошковни притисоци и зголемената инфлација, првенствено поради растот на увозните цени, влијаеа на одлуката на Извршниот одбор на Народната банка на Србија дополнително да ја зголеми референтната каматна стапка и со тоа да ги заостри домашните монетарни услови. Со ваквата одлука, Народната банка на Србија влијае на ограничувањето на секундарните ефекти од растот на цените преку инфлаторните очекувања и со тоа придонесува инфлацијата во Србија да е на надолна патека и да се врати на границите на дозволеното отстапување од цел до крајот на проекцискиот период“, се наведува во соопштението на НБС.

Ова зголемување на референтната каматна стапка претставува нејзино осмо последователно зголемување, со што од април годинава е зголемена за вкупно 350 базични поени.