NASA бара волонтери кои два месеци ќе поминат во кревет, а за тоа ќе добијат 19.000 долари

20

Фото: Pixabay

NASA бара волонтери кои имаат задача да поминат два месеца во кревет, а за тоа ќе добијат надоместок од 19.000 долари, пишува ABC11.

Германскиот вселенски центар ќе одбере 24 волонтери, кои треба да поминат 60 дена во кревет, додека трае истражувањето. Целта е да се истражат начини како да се намалат последиците од вселенското патување на астронаутите.

Волонтерите ќе бидат поделени во две групи и сместени во една соба. Од нив ќе биде побарано сите секојдневни активности да ги извршуваат во лежечка позиција. Тие ќе имаат телевизија, ќе можат да читаат и да имаат други активности за да не им биде здодевно тие 60 дена.

Станува збор за заедничка студија на NASA и Европската вселенска агенција што ќе биде спроведена во Германскиот вселенски центар.