NASA дизајнира пластеник за астронаутите да одгледуваат храна

54

nasa5

Фото: NASA

Научниците од NASA работат на развој на пластеник којшто ќе ги имитира условите на Земјата и астронаутите ќе може да произведуваат храна при престојот во вселената. Во соработка со земјоделскиот оддел од Универзитетот во Аризона, научниците од NASA пронајдоа решение за создавање на одржлив систем на одгледување на храна надвор од Земјата.

Иако научниците од NASA веќе имаат искуство со одгледување на зеленчук во вселената, новата стаклена градина со димензии со должина од  5,5 метри и ширина 2,1 метри ќе овозможи спроведување на процесот на поинаков начин. Во пластеникот ќе може да се рециклира отпад и вода, а јаглерод диоксидот што го издишуваат астронаутите ќе се спроведе во пластеникот каде растенијата преку процес на фотосинтеза ќе го користат за создавање на кислород, пишува Designboom.

Растенијата што ќе се одгледуваат во пластеникот ќе користат природно светло, но и LED осветлување во зависност од условите.

Кружната конструкција на пластеникот е изработена од лесни материјали за да може лесно да се транспортира до Марс или друга планета.