NASA го избра SpaceX за мисија на Европа, заледената месечина на Јупитер

50

NASA објави дека го избрала SpaceX за предвидениот лет кон Европа, замрзнатиот сателит на планетата Јупитер, што е голема победа за компанијата на милијардерот Илон Маск, кој сака да организира што подалечни патувања во Сончевиот систем.

Се работи за прва мисија на NASA на Европа и целта е да се утврди дали тој има услови за живот. Ќе се спроведе детално истражување на овој сателит на Јупитер, кој е нешто помал од Месечината, и водечки кандидат кога се работи за потрага за живот на друго место во Сончевиот систем.

Мисијата Европа клипер ќе тргне во октомври 2024 година со ракетата Фалкон хеви од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Вредноста на договорот е 178 милиони долари.

Фото: Pixabay