НАСА и Боинг излегоа со нов дизајн на авион кој би можел да се користи во 2030 година

49

НАСА и Боинг работат заедно на проектот “Sustainable Flight Demonstrator”, кој се однесува на тестирање на авион „со едно крило“ кој ја намалува емисијата на штетни гасови поради специјално дизајнираната технологија.

Дизајнот на кој работат би ја намалил потрошувачката на гориво за 30 отсто во споредба со најефикасните авиони на денешницата. Обликот на дизајнот создава помалку отпор, што значи дека се согорува помалку гориво.

НАСА соопшти дека целта на проектот е овие авиони да се користат во комерцијални летови, што би овозможило заштеда, а исто така ќе има корист за животната средина и патниците ширум светот. Планот е тие да се користат во 50 проценти од летовите на кратки и средни дестинации.

„Од самиот почеток, НАСА беше со вас кога летате. НАСА се осмели да оди подалеку, побрзо, повисоко. А со тоа, НАСА ја направи авијацијата поодржлива и посигурна. Тоа е во нашата ДНК“, рече администраторот на НАСА Бил Нелсон.

Тој додаде дека оваа технологија би можеле да ја видиме на небото веќе во следната деценија. Првиот пробен лет е закажан за 2028 година.

„Боинг“ процени дека побарувачката за такви авиони ќе се зголеми меѓу 2035 и 2050 година, а се чини дека администрацијата на Бајден сака да ги постигне планираните нула емисии на јаглерод од воздухопловството до 2050 година.