Наскоро бесплатен wi-fi на железничките станици во Хрватска

4

glavni kolodvor

Падот на патниците во железничкиот сообраќај Хрватска ќе го решава со поставување на бесплатен wi-fi на железничките станици.

Петар Чавловиќ, заменик претседател на Надзорниот одбор на Х1 телеком вели дека една од нивните цели е да привлечат потенцијални патници на железничките станици со понуда на бесплатен и неограничен безжичен интернет. Х1 телеком до крајот на 2016 година планира со бесплатни wi-fi мрежи да ги покрие првите неколку железнички станици, а вкупно е планирано бесплатен безжичен интернет да добијат преку 30 станици во Хрватска.

“Сакаме да им дадеме нов живот на железничките станици во хрватските градови како Вуковар, Книн и Госпиќ”, вели Чавловиќ, пишува Пословни дневник.

Тој наведува дека планот е да се постават wi-fi хотспотови на кои во исто време ќе можат на интернет да се закачат од 15 до 200 корисници.

Станува збор за инвестиција која иницијално вреди скоро два милиона евра.