Наскоро директна авиолинија Загреб – Подгорица

17

montenegro

Хрватскиот национален авиопревозник Croatia Airlines ја разгледува можноста за проширување на комерцијалната соработка со црногорскиот авиопревозник Montenegro Airlines, односно воведување на заеднички летови, пишува Пословни дневник.

На состанокот во Подгорица минатата недела, претставници од двете компании ја разгледувале можноста за проширување на комерцијалната соработка меѓу двете компании, како и скоро воведување на директна линија Загреб – Подгорица.

Минатата година Владата на Црна Гора побара од националниот авиопревозник подобро да се поврзе со авиолинии со земјите од регионот и да разгледа воведување на линии кон Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.