Оние кои сакаат поевтин iPhone наскоро би можеле повторно да сметаат на iPhone SE. Доколку гласините се вистинити, во текот на 2022 година Apple повеќе нема да ја издава iPhone мини верзијата на телефонот. Тоа значи дека ако сакате поевтин iPhone, ќе мора да се потпрете на моделите на iPhone SE.
Според најновите извештаи, следната генерација на iPhone SE се очекува во текот на првиот квартал од 2022 година.
Оваа информација доаѓа од компанијата TrendForce, која верува дека Apple ќе го претстави новиот iPhone SE пред крајот на март следната година. Последен пат Apple ја ажурираше линијата iPhone SE во април 2020 година, додека моделот од 2021 година беше прескокнат.
Се сугерира дека iPhone SE 2022 ќе биде главното оружје на Apple во обид да се консолидира во средниот сегмент на пазарот на телефони 5G. Според гласините, следната генерација на iPhone SE ќе поддржува 5G, а дизајнот треба да биде инспириран од моделот iPhone 8.