
Наскоро во продавниците доаѓа нов вид Нутела. Нема сите да бидат среќни
Иако оваа година наполни 60 години, Нутела не покажува знаци на стареење. Токму спротивното! Познатиот чоколаден крем од Италија, Нутела, наскоро ќе добие веганска верзија.
Како што објави извршниот директор на VéGé Group Џорџо Сантамброџо на Linkedin, брендот сака да се прилагоди и да лансира веганска верзија оваа година. „Нутела од растителна основа“ нема да содржи млеко.
И покрај критиките за неговото еколошки штетно производство, палминото масло треба да остане суштинска состојка во традиционалниот рецепт за Нутела.
Растителна Нутела ќе биде лансирана во одредени европски земји, а пакувањето ќе носи ознака на вегански сертификат. Иако не е јасно од кои нации ќе започне, Италија и Германија најверојатно ќе бидат на листата, бидејќи Фереро има поднесено патенти на двата пазари.











