Наскоро на пазарот – парфеми создадени од вештачка интелигенција

39

IBM Research, делот од IBM којшто се занимава со истражувачка дејност, склучи партнество со Symrise, компанија за производство на мириси и вкусови, со цел да создаде парфеми направени со помош на вештачка интелигенција.

Таканаречената Филира преку машинско учење комбинира илјадници состојки, формули и трендови во индустријата за да произведе “уникатни комбинации“ пишува Engadget.

Системот прегледува илјадници формули и суровини за да ги креира моделите и новите комбинации, со цел да најде потенцијална “празнина“ на пазарот и да ја пополни со нов мирис.

Филира моментално работи на два парфеми коишто треба да бидат претставени кон средината на 2019 година за потребите на бразилскиот бренд O Boticário.

Symrise исто така планира да ја дистрибуира оваа технологија до своите најдобри “мајстори“ низ целиот свет, како и во нивното училиште каде се обучуваат идни креатори на парфеми.