Наскоро нов изглед и вкус на Сараевско пиво

223

saraevsko pivo

Сараевско пиво, симбол на главниот град на Босна и Херцеговина, кое последните години и не постигнува значителни резултати на пазарот, последната шанса да се врати на пиедесталот ќе ја има во март оваа година, пишува порталот Klix.ba.

Сараевско пиво од март оваа година би требало да добие комплетно ребрендирање, а освен изгледот ќе има промени и во вкусот. Новиот дизајн, што опфаќа ново лого, нова етикета и нов облик на шишето, ќе се потпре на дизајнот и типографијата на Сараевско пиво од 1970-та година. Се очекува да излезе и лимитирана серија на шишиња идентични на оние од златната ера на пивото.

Освен дизајнери, ангажиран е комплетен тим на експерти кои ќе работат на унапредување на квалитетот на пивото и на неговиот вкус.

Сараевската пивара е една од најстарите компании во БиХ, а е основана во 1864 година.