Наскоро нова монета од две евра

135

Новата монета од две евра со мотивот на Елбфилхармонијата ќе излезе на 24 јануари. Бундесбанката најави дека треба да бидат пуштени во оптек до 30 милиони вакви монети.

„Ние ја сакаме Елбфилхармонијата – и наскоро ќе можете да платите со неа“, твитна во средата финансискиот сенатор од Хамбург, Андреас Дресел (СПД).

Ковањето нови монети е во полн ек во Хамбург.

Монетите постепено ќе бидат пуштени во оптек како дел од вообичаените парични потреби на банките и трговците и затоа порано или подоцна сите монети ќе се појават во платежниот промет. Новите монети го означуваат почетокот на серијата монети „Bundesländer II“, во која секоја година се одликува една сојузна држава со издавање на монета од 2 евра со препознатлив симбол.

Новата серија особено се фокусира на културниот идентитет и регионалните карактеристики на одделни земји. Новата монета од 2 евра ја дизајнираше уметникот Михаел Ото од Роденбах.

Елбфилхармонијата е концертна сала и културен споменик во Хамбург.

Со површина од 120.000 квадратни метри, таа е една од најголемите германски концертни сали и 54-та највисока зграда во Германија.