Наскоро пристигнува првиот телевизор произведен од Amazon

96

Според информации од доверливи извори, кои ги пренесува Business Insider, во октомври годинава Amazon на американскиот пазар ќе го лансира својот прв телевизор. На овој проект цели две години работеле тимовите на одделите Amazon Devices и Lab126, односно одделот за истражување и развој кој ги дизајнираше хардверските производи на Amazon како што се Kindle е-читачот и звучникот Echo.

Insider пишува дека моделите кои ќе бидат издадени во октомври ќе бидат направени во фабрики на трети страни како што е TCL затоа што Amazon засега нема планови да отвори производни линии за телевизори.

Паметните телевизори со брендот на Amazon ќе имаат вграден гласовен асистент Alexа и софтверот Fire TV. Amazon веќе продава телвизори со Fire TV, но тие го носат името на други брендови, што значи дека ова ќе биде првиот Тв-приемник кој ќе го носи името на Amazon.

Фото: Pixabay