Наскоро прв регионален чет-бот за бизнисмени од Западен Балкан

Новиот дигитален асистент за инвестиции во регионот на Западен Балкан — WB6 Opportunity, кој моментално е во бета верзија, ќе биде достапен за еден месец на веб-страниците на сите стопански комори во регионот, објави претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

„Тоа е првиот чет-бот што работи на регионално ниво“, рече Чадеж на првиот панел од конференцијата 100 EXPO – Лидери на одржлив развој, што се одржува во рамките на Меѓународниот саем 100 EXPO во Сараево.

Платформата WB6 Opportunity е развиена од страна на ПКС и Центарот за дигитална трансформација во соработка со Инвестицискиот форум на Западнобалканските комори, со цел да им се обезбедат на компаниите и инвеститорите точни и ажурирани информации за деловното опкружување, законите, стимулациите, пазарните трендови и инвестициските можности во регионот.

„Оваа прва инвестициска платформа што работи на регионално ниво покажува колку сме добри заедно и колку добро можеме да соработуваме“, рече Чадеж, додавајќи дека економиите на земјите од Западен Балкан нема да преживеат ако не зборуваат со еден глас кон Брисел и членките на Европската Унија.